Астрономи видоа како ѕвезда „јаде“ цела планета – веруваат дека истото ќе ја снајде и Земјата

- Advertisement -

Научниците знаат дека ѕвездите кои се пензионирани стануваат џинови кои ги голтаат сите планети во одреден радиус, но никогаш досега немаа прилика да го видат тоа. Се досега.

Астрономи од универзитетите Калтек, Харварт и МИТ и од други школи забележаа како ѕвезда „јаде“ една од планетите кои орбитираат околу неа додека се претвора во црвен џин.

- Advertisement -

Ѕвездата оддалечена околу 12.000 светлосни години, во близина на констелацијата Акила, станала 100 пати посветла во период од 10 дена откако ја „изела“ планетата. Истражувачите велат дека изедената планета била врел јовијански свет кој паднал во атмосферата на ѕвездата и на крајот и во нејзиното јадро.

Групата научници го забележале тоа во мај 2020 година, но им било потребно време за да утврдат точно што се случило. Благодарение на инфрацрвениот телескоп NEOWISE тимот ја сиклучил можноста за спојување на планетата и ѕзведата. Енергијата била само илјадити дел од она што би требало да биде во случај на судир на ѕвезди, а се појавил и млад ладна прашина наместо врела плазма.

- Advertisement -

Тие веруваат дека овој феномен е вообичаен во вселената, како и дека други планети, вклучувајќи ја и Земјата, ќе се соочат со истата пропаст кога Сонцето ќе умре а отприлика 5 милијарди години отсега. Во врска со тоа астрономите ги потврдија своите постоечки модели. Претходните студии ги анализирале ѕвездите непосредно пред и после голтањето на планетите, но никогаш и во текот на самиот процес.

Се уште постојат нејаснотии за ѕвездите кои „јадат’ планети, меѓутоа ова откритие помага да се пополнат празнините. Следните анализи со инфрацрвен спектар ќе ги зголемат шансите за забележување слични настани. Тие можеби ќе покажат кои се разликите меѓу ваквите апокалиптични процси во вселената.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

- Advertisement -