Доктори ја направија првата операција на мозок на фетус

- Advertisement -

Тим од доктори од Бостон направија револуционерна операција на фетус со цел да излечат ретка состојба на мозокот позната како деформација на Галеновата вена. Иако досега се имаат правено операции на фетуси за третирање други болести, оваа ултразвучна процедура е прва за ваквата состојба. Детали за операцијата се објавени во весникот Stroke.

Деформацијата на Галеновата вена се случува кога крвниот сад кој носи крв од мозокот со срцето, познат како Галенова вена, не се развива целосно. Деформацијата, позната како VOGM, резултира со преголема количина крв која ја птоварува вената и срцето и може да доведе до низа здравствени проблеми.

- Advertisement -

„Повредите на мозокот и откажување на срцето после раѓањето на бебињата се дават најголеми предизвици кај оваа состојба“ вели д-р Дарен Орбах, радиолог при Детската болница во Бостон и експерт за лекување на VOGM.

Вообичаено бебињата кои се раѓаат со таква деформација веднаш по раѓањето мора да носат катетер кој го забавува протокот на крв, но како што вели Орбах, честопати е доцна за да се интервенира и бебето починува.

- Advertisement -

И покрај напредокот во медицината, 50% до 60% од сите бебиња со оваа состојба многу брзо се разболуваат сериозно, а стапката на смртност кај нив е околу 40%. Речиси половина од бебињата што ќе преживеат од оваа деформација подоцна во животот имааѕ сериозни невролошки и когнитивни пореметувања.

Брачниот пар Дерек и Кенјата Коулман од Луизијана во поодмината бременост се соочиле со страшните вести дека бебето не е добро и дека во Детската болница во Бостон се прават клинички истражувања за тоа пореметување. Така, на 15 март годинава на Кенјата и на нејзиното бебе им била направена операција.

- Advertisement -

Кај бебето веднаш се забележало подобрување и снимките покажале дека имало помал притисок од крвта во најбитните делови од мозокот. После раѓањето на бебето не му биле потребни интервенции. Докторите се оптимисти дека нема да има потреба од други операции.

Два месеци после раѓањето бебето продолжува да се развива нормално, не прима лекови за срцето и се е добро на нејзините невролошки испитувања. Засега нема индикации дека ќе има потреба од идни интервенции.

(CNN)

(фото: pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -