Ова е најскапата земја за живот на Балканот

- Advertisement -

Најскапата дестинација за живот на Балканот, ако се исклучат Словенија и Хрватска, кои се членки на Европската унија, е Црна Гора, каде што месечните трошоци за едно четиричлено семејство се проценуваат на 1.917 евра. Црна Гора е на 85. место на листата со најскапи градови во светот.

Според достапните податоци, на просечно четиричлено семејство за нормален живот му се потребни 1.917 евра месечно, во што не се вклучени трошоците за евентуално изнајмување недвижности, сидејќи според податоците на страницата Numbeo.

- Advertisement -

Цените за изнајмување од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина скокнаа за околу 40% поради приливот на луѓе со поголема платежна моќ. Цените за наем во Црна Гора се движат од 350 до над 1.500 евра, зависно од квадратурата, но и од локацијата на која се наоѓа.

За живот на самци во Црна Гора се потребни просечно околу 550 евра, не сметајќи го тука трошокот за изнајмување недвижности. Кога зборуваме за трошоци за живот, за споредба, во Србија на четиричлено семејство му се потребни околу 1.750 евра месечно, во Македонија се потребни околу 1.500 евра, во Романија се потребни околу 1.800 евра, во БиХ се потребни околу 1.680 евра, а во Бугарија се потребни 1.900 еврa.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -