ТОП НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО СВЕТОТ: На листата има само една жена

- Advertisement -

Според новата анализа објавена од WSJ, извршните директори на Pinterest, Peloton и Hertz заработуваат повеќе од шефот на Apple, Тим Кук.

WSJ ја објави својата листа на најплатени извршни директори во 2022 година, која се базира на податоците од менаџментот на C-Suite во компаниите низ Америка. Анализата на податоците вклучува компензација на извршните директори на речиси 4.000 американски компании со кои се тргува јавно.

- Advertisement -

Нивното рангирање се заснова на платите на извршните директори, бонуси, бенефиции и опции за акции, меѓу другите фактори. Директорите често добиваат ограничени акции или опции – како значаен дел од нивната компензација, чија вредност може да варира.

Просечната плата за извршните директори на S&P 500 падна на 14,5 милиони долари минатата година, за разлика од 14,7 милиони долари во 2021 година. За споредба, во 2022 година, просечниот американски работник заработувал околу 56.000 долари, според Бирото за труд статистика.

- Advertisement -

1. Извршниот директор на Blackstone, Стивен Шварцман, се најде на врвот на листата на најплатени директори со вкупен пакет компензација од 253 милиони долари.

2. Следниот извршен директор на листата, Сундар Пичаи од Alphabet, „зел“ 226 милиони долари во 2022 година.

- Advertisement -

3. На третото место е Стивен Шер од Херц, со плата од 182 милиони долари, додека на четврто е Бери Мекарти од Пелотон, со заработени 168 милиони долари.

4. Мајкл Рапино (Live Nation) е на петтата позиција на листата на најплатени извршни директори во САД, со заработка од 139 милиони долари.

5. Сафра Катц го зазема 6то место, таа е извршен директор на Oracle, а заработува 138 милиони долари годишно.

6. Даглас Инграм од Sarepta Therapeutics е на седмата позиција со 125 милиони долари заработени минатата година.

7. Осмото место оди на Бил Реди од Pinterest неговиот хонорар е 123 милиони долари. Киви Камара, ЦС Диско, се најде на претпоследната позиција со 110 милиони долари,

8. Тим Кук го зазеде 10-то, последното место.Тој е на чело на Apple и во 2022 година заработил 99 милиони долари.

Извор – Кариера.мк

Фото – Wallpaper Flare

Сподели!
- Advertisement -