Дали капачињата кои се споени со пластичните шишиња ќе помогнат за загадувањето?

- Advertisement -


Нема недоумици дали капачињата споени со пластичните шишиња ќе помогнат да се намали загадувањето со пластика затоа што извесно е дека нема да помогнат. Најдобриот начин да се намали загадувањето е да се намали производството, пред се, на пластиката за еднократна употреба, која сочинува најголем дел од отпадот.

Сепак, тоа уште не се случува, а причината се големите профити на најголемите производители на пластика. Во прашање се мултинационални компании, чии производи се продаваат ширум светот.

- Advertisement -

Одлуката за спојување на капачињата со пластичните шишиња е дел од директивата на Европската унија. Според неа, од 3 јули 2024 година се забранува производство на пластика за еднократна употреба, меѓутоа како што се наведува, шишињата со споени капачиња направени од пластика можат да се пласираат само ако тие капачиња остануваат споени во текот на целата фаза предвидена за користење на производот. Уште еден услов кој овозможува понатамошно производство на пластиката за ендократна употреба е тоа што шишињата треба да содржат најмалку 25%, односно 30% рециклирана пластика.

Според истраживачите, уделот на производството на пластика во вкупната емисија на штетни гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина е од 4% до 4,5%, што оваа индустрија ја прави еден од најголемите загадувачи.

- Advertisement -

Секоја година човештвото произведува од 380 до 460 милиони тони пластика, од кои огромна количина завршува на депониите и во океаните. За илустрација, со таложење на старите рибарски мрежи, шишиња и пловки во Тихиот Океан се има формирано тепих од отпад кој е 18 пати поголем од површината на осседна Србија.


Колкав е растот на производството на пластика говори фактот дека во 1950 година биле произведени 8,3 милијарди метрички тони пластика, а во 2021 година дури 390 милијарди тони. Од нив 90% се добиени со користење фосилни горива, а ако продолжи овој тренд, се очекува производството на пластика да се зголеми за 2,5 пати до 2050 година.

- Advertisement -

Посебен проблем е пластиката за еднократна употреба, која сочинува околу половина од светското производство.

(N1)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -