Илон Маск воведува аудио и видеоповици на X

- Advertisement -

Ако Илон Маск најави нешто за платформата X (поранешен Twitter), тогаш тоа е речиси готова работа. Така, тој најави воведување на можноста за аудио и видеоповици. Маск најави дека неговата платформа, претходно позната како Twitter, наскоро ќе воведе гласовни и видеоповици, но не го откри датумот од кога ќе бидат достапни тие опции. Платформата ќе поддржува Apple и Android уреди и компјутери, но без потреба од телефонски броеви.

Освен тие опции, платформата X ги ажурираше и правилата за приватност и дозволи собриање биометриски податоци и историја на вработување. Новите правила стапуваат на сила на 29 септември и се споменува потенцијално собирање биометриски податоци без наведување кои податоци ќе се собираат.

- Advertisement -

Некои експерти, како што е Стивен Викер од Универзитетот Корнел изразија загриженост, споредувајќи ги постапките на платформата на платформата X со собирањето податоци на други социјални мрежи. Имено, Facebook пред две години се соочи со спогодба од 650 милиони долари поради наводна неовластена употреба на биометриски податоци.

За корисниците од ЕУ платформата X воведе алатка за пријавување на објави и огласи кои го кршат новоусвоениот Закон. Оваа алатка е ексклузивна за корисници од ЕУ.

- Advertisement -

(AP)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -