Најголемата светска летачка лабораторија во мисија да го спаси човештвото од загаден воздух

- Advertisement -

НАСА почна серија маратонски летови во Азија со најголемата светска летачка лабораторија, во амбициозна мисија за подобрување на моделот кој помага во предвидувањето и борбата против загадувањето на воздухот.

Милиони смртни случаи секоја година поврзани со загадувањето на воздухот, а подобрувањето на способноста за идентификација на изворите и однесувањето може да доведе до попрецизни системи за предупредување на јавноста.

- Advertisement -

Почнувајќи од оваа недела на Филипинит, DC-8 американската агенција лета до осум часа,понекогаш само 15 метри од копно, за да се соберат честички воздух за проучување.

„Можеме да овозможиме директни мерења на количината на загадувањето кое доаѓа од различни извори. А тоа е еден од примарните инпути за моделите за предвидување на квалитетот на воздухот” велат од НАСА.

- Advertisement -

Предвидувањето на квалитетот на воздухот се базираат на отчитување од станици на Земјата, како и од сателити, но и двата методи се ограничени на својата способност да видат како загадувачите се шират во воздухот.

Отчукувањата од авионите може да помогнат да се пополни таа празнина, да се подобри анализирањето на сателитските податоци и да доведат до поточни модели.

- Advertisement -

Опремена со десетина многу осетливи и струменти, лабораторијата на НАСА двапати досега неделава летала над некои од најгусто населените подрачја на Филипините, вклучувајќи го регионот на главниот град, покажува страницата за следење FlightAware.

Во текот на наредните недели авионите ќе спроведуваат истражувачки летови над Јужна Кореја, Малезија и Тајланд.

Резултатите од студијата ќе бидат поделени со јавноста после една година, велат од НАСА.

(N1)

Сподели!
- Advertisement -