Meta и LG подготвуваат очила за виртуелна реалност за 2025 година

- Advertisement -

Судбината на уредот Meta Quest Pro 2 е неизвесна, а дури и ако не е откажан, како што се вели во некоие документи, вој сет не може да им парира на очилата Apple Vision Pro. Затоа компанијата Meta сега се здружи со LG во проект за нови супериорни очила за виртуелна реалност.

Meta постигна договор со компанијата LG Display за ОЛЕД микро-екрани, меѓутоа таа соработка е проширена така што вклучува и делови од сестринските компании, како што се батерии од LG Energy и други компоненти кои ги произведува LG Innotek.

- Advertisement -

Новите очила стигнуваат на пазарот до 2025 година и ќе се продаваат по цена од околу 2.000 долари. Quest Pro на почеток чинеше 1.500 долари, но подоцна цената ја намалија на 1.000 долари. И двете цени се далеку пониски од цената на очилата Apple Vision Pro, кои ќе се продаваат по 3.500 долари.

Засега нема информации за тоа кои подобрувања ќе ги донесе Meta Quest Pro 2 или како и да го наречат. ОЛЕД микро-екраните ќе имаат резолуција поголема од 7 милиони пиксели, колку што има Quest Pro, но е далеку помалку од 23 милиони пиксели на Apple Vision Pro.

- Advertisement -

Meta Quest 3 стигнува оваа есен по цена од 500 долари, но компанијата работи и на поевтини очила кои на пазарот ќе се појават во 2024 година и ќе чинат помалку од 200 долари.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -