Нов материјал извлекува ураниум од морската вода

- Advertisement -

Меѓународен истражувачки тим под водство на австралиската организација ANSTO (Australian Nuclear Science and Technology Organisation), откри материјал кој ветува едноставна и ефикасна метода со која ураниумот може да се екстрахира од морската вода и така да се доби т.н. жолт колач.

„Во океаните има многу ураниум, повеќе од 1.000 пати од тоа што се наоѓа во почвата, но е многу разреден, па тешко се екстрахира. Главниот предизвик е во тоа што другите материи во морската вода, како солите и минералите, како што се калциумот и железото, се присутни во многу поголеми количини од ураниумот“ вели главната авторка на студијата, д-р Џесика Велишчек Каролан.

- Advertisement -

Истражувачите користеле слоевите дихидроксиди, материјали кои привлекоа интерес поради својата сособност за отстранување метали, а прилично се едноставни за правење и може да се модифицираат за да се подобри начинот на кој што работат.

Бидејќи тие слоеви имаат позитивен и негативен набој, може да се прилагодат за ловење специфични материи како што е ураниумот. Тие ги испитале лантаноидните допанти, неодимиум, еуропиум и тербиум. Додавањето на неодимиум во слоевитите дихидроксиди ја подобрило нивната пособност за ловење на ураниумот од морската вода, што е многу тежок процес на кој научниците работеле долго време. Кога во LDH е додаден неодиумиум тие материјали го избрале ураниумот од десетина други распорстранети елементи кои се наоѓаат во вистинската морска вода, а клучното откритие е дека неодиумиумот го менува начинот на ураниумот се врзува за LDH.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Energy Advances.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -