Саудиската рударска компанија Ma’aden откри дека работат на вадење литиум од морската вода за долгорочно да обезбедат една од клучните суровини за идната саудиска индустрија за електрични автомобили. Оттаму откриваат дека работат на иницијатива за издвојување на литиумот од морската вода, а моментално се во ексериментална фаза, велат од Ma’aden.
Литиумот е клучен минерал за ватериите за електрични автомобили, преносни компјутери и мобилни телефони. Компанијата Ma’aden е во 67% мнозинска сопственост на Ааудискиот државен стабилизациски фонд, со кој неодамна беше основана компанијата Manara Minerals за инвестиции во рударски имоти во странство.
Саудиска Арабија развија автомобилска индустрија, на која и требаат материјали за батерии за електрични возила и Ma’aden веројатно сака да осигура литиум за фабриките кои се во изградба. Нагласуваат и дека приоритет за Саудиска Арабија е купување челик и железна руда од странски компании поради забрзаното темпо на реализација на овој мега проект.
(Zimo)
(фото: ieee.org)