Пивото Corona Cero ќе биде глобален спонзор на Олимписките игри

- Advertisement -

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и водечкиот светски производител на пиво AB InBev склучија глобален спонзорски договор до 2028 година. Безалкохолното пиво Corona Cero ќе биде глобален пивски спонзор на Олимписките игри, истакнувајќи ја посветеноста на МОК и AB InBev за одговорна консумација и градење подобар свет. Заедно, тие ќе допрат до милијарди олимписки фанови ширум светот со пораки за поврзување, умереност и славење.

Претседателот на МОК, Томас Бах, рече: „МОК е воодушевен што може да го соопшти своето ново партнерство со водечкиот светски производител на пиво, AB InBev. Нашите организации споделуваат визија за поддршка на спортот и спортистите. Како глобален бренд, Corona Cero ќе ги ангажира фановите ширум светот да ја прослават магијата на Олимписките игри и да навиваат за достигнувањата на спортистите. Во согласност со Олимписката агенда 2020+5, двете наши организации активно придонесуваат за целите за одржлив развој на ОН. Бидејќи МОК прераспределува 90 отсто од сите свои приходи за поддршка на спортот ширум светот, на крајот приходите од овој договор ќе го поддржат секој олимписки тим и нивните спортисти. Заедно, со нетрпение очекуваме да создадеме иднина со повеќе овации!“

- Advertisement -

Извршниот директор на AB InBevМишел Дукерис, посочи: „Пивото и спортот се подобри заедно, па затоа сме горди што сме првиот пивски спонзор на Олимпијадата на ниво на светски олимписки партнери. Пивото е пијалок на умереност и избор, па затоа е соодветно да предводиме со нашето брзорастечко пиво без алкохол, Corona Cero, за оваа пригода. Ова партнерство ја илустрира можноста нашата категорија позитивно да влијае и да се ангажира со милијарди фанови ширум светот, воведувајќи нова ера на олимписки дух и овации во поддршка на омилените земји и спортисти додека тие се борат за злато. Со нетрпение очекуваме да бидеме партнери со МОК и да се активираме за Игрите во 2024, 2026 и 2028 година“.

AB InBev и МОК се посветени на создавање подобар свет за спортистите, навивачите и потрошувачите ширум светот преку активен придонес кон Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Одржливоста е важна за бизнисот на AB InBev бидејќи подготовката на одлично пиво зависи од здравата, природна средина и просперитетните заедници.

- Advertisement -

Договорот вклучува и маркетиншки права за Меѓународниот параолимписки комитет  (МПК) и Параолимписките игри преку договорот за долгорочна соработка МОК-МПК.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -