Нов вид на антидепресиви можат да го зголемат имунитетот во борбата против ракот

- Advertisement -

Нова студија на кинески научници открива дека нов вид на антидепресиви, ансофаксин хидрохлорид, кога стратешки се комбинираат со лекови против тумор, потенцијално можат да го спречат растот на клетките на ракот на дебелото црево и да ја подобрат способноста на имунолошкиот систем да индуцира прогрсмирање на смртта на клетките на туморот.

Иако не е тестиран на луѓе, тој лек покажал значителни предности во тестирањето на глувци, вклучувајќи и зголемување на CD8+T клетките, природните клетки убијци и макрофаги, инхибирајќи го растот на ракот. Со комбинирање на ансофаксин со имунотерапија постигната е целосна елиминација на тумори во 20% од случаите, воспоставувајќи потенцијален долгорочен имунитет. Студијата за ова истражување е објавена во списанието Frontiers in Pharmacology.

- Advertisement -

Кинеските научници признаваат дека потребни се понатамошни истражувања за да се утврди ефикасноста на тој лек во лекувањето на ракот. Ансофаксин хидрохлорид е докажано ефикасен во лекувањето на големите депресивни пореметувања во Кина и се разликува од другите антидепресиви по тоа што го инхибира повторниот внес на серотонин, додека исто така го забавува повторниот внес на норепинефрин и допамин.

За споредба, нашироко користениот антидепресив флуоксетин покажал контрола на туморите во комбинација со лекоците против рак, но неговото побавно делување и потенцијалните нуспојави ја ограничуваат неговата ефикасност. Ансофаксинот ветува повеќе во совалдуавњето на тие недостатоци, но неговата специфична улога во имунотерапиите против ракот останува неизвесна.

- Advertisement -

Други студии покажаа дека псилохошкиот стрес и депресијата можат да го зголемат ризикот од појава на рак поради тоа што го потиснуваат имунолошкиот одговор.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -