Бернар Арно го престигна Маск и стана најбогат човек во светот

- Advertisement -

Бернар Арно, милијардер и извршен директор на глобалниот конгломерат на луксуни брендови LVMH, го престигна Илон Маск и стана најбогат човек во светот. Богатството на Арно и на неговото семјество во петокот порасна за 23,6 милијарди долари и достигна 207,8 милијарди, надминувајќи го богатството на директорот на Teslа од 204,5 милијарди долари, покажува ранг-листата на Forbеs со реалните промени во реално време.

Вредноста на Tesla на берза во четвртокот падна за 13%, поради што Маск изгуби над 18 милијарди долари. Истовремено, акциите на LVMH во петокот забележаа голем скок – вредноста им порасна за над 13% како резултат на силната продажба.

- Advertisement -

Пазарната капитализација на LVMH во петокот достигна 388,8 милијарди долари, додека Tesla на берзата вреди 586,14 милијарди долари. LVMH во 2021 година ја купи Tiffany & Co. за речиси 16 милијарди долари, а тоа се смета за најголема аквизиција на луксузен бренд во историјата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -