Три градови од регионот се на листата најубави во Европа

- Advertisement -

Conde Nast Traveler состави листа со најубави градови, кои не се на мапите на европските патници и се потруди на своите читатели да им ги претстави тие дестинации. На листата со најубави градови во Европа се и три града од регионот.

Од градовите од регионот на листата е Копар, Опатија и Мостар. Три града со различна енергија, со неверојатни убавини, места кои секој патник го дочекуваат на посебен начин.

- Advertisement -

Копар
Копар е шармантен бисер сместен во Истра, град кој е спој на венецијанска историја, прекрасен брег и вкусна кујна. Стариот град има улици во форма на лавиринти, во кои можете да ја видите богатата историја на овој некогаш успешен крајбрежен град, како и црквите и шармантните плоштади. Градот и ден-денес е битно пристаниште во регионот затоа што е блиску до Тузла и е влезна точка во централна и источна Европа.

Опатија
Иако денес често се занемарува во корист на градови како Дубровник или Сплит, токму Опатија на северот е колевка на туризмот во Хрватска и е позната како Виена на море поради својата архитектура. Ривиерата на Опатија, која е сместена меѓу шуми и карпестиот брег на Кварнерскиот Залив, некогаш била најпосетувано летувалиште на старата елита.

- Advertisement -

Кварнерскиот залив е центар на здравје и велнес поради уникатната микроклима, која нуди идеални услови за терапевтски и регенеративни патувања. Опатија руситите ги привлекува и со атрактивни третмани и современи спа центри. Како што опатиското крајбрежје е спој на море и планина, такво е и визуелното доживвање на различни стилови.

Мостар
Новинарите во својата репортажа навеле дека Мостар е град на поопуштена енергија со мешавина од астроунгарска и османлиска архитектура. Во градот има бројни ресторани кои нудат исклучителна традиционална кујна. Тука е и преубавото старо градско езеро и прочутениот мост, по кој градот и го добил името. Опуштената енергиј во градот посебно се чувствува навечер, кога со чашка ракија се случаат звуците на реката.

- Advertisement -

На целосната листа има 24 дестинации во кои се кријат природни убавини и атракции кои се еднакво интеренси како и оддалечените познати градови како што се Рим или Париз. Меѓу градовите на листата се издвојуваат и Солун, Вилниус, Тирана итн.

(B92)

(фото: Visit Koper)

Сподели!
- Advertisement -