Xiaomi почнува со продажба на својот прв електричен автомобил

- Advertisement -

Големата кинеска технолошка компанија овој месец почнува со продажба на својот електричен автомобил SU7. Минатиот месец на саемот за електроника MWC во Барселона имавме прилика да го видиме првиот електричен автомобил на Хiaomi.

Автомобилот со кој Xiaomi сака да и конкурира на Teslа има максимална брзина од 265 км/ч, забрзување од 0 до 100 за 2,78 секунди и батерија која кај основниот модел може да издржи 600 км возење, а кај најнапредниот модел SU7 Max дури 800 км со едно полнење.

- Advertisement -

Овие модели наскоро ќе се најдат во продажба. Имено, Xiaomi на кинеската мрежа Weibo објави дека на 28 март ќе го пушти во продажба SU7 во 29 кинески градови, а во 59 продавници веќе се примаат преднарачки за него, иако цената уште не е објавена.

Продажбата на почеток ќе биде ограничена само на Кина, а со оглед на големината на кинескиот пазар, веројатно нема толку брзо да се најде во глобална продажба затоа што интересот на домашниот пазар е толку голем што засега воопшто не размислуваат за излез на други пазари.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -