Седум години по ред Финска е најсреќната земја во светот

- Advertisement -

Финска се зацврсти на првото место на листата со најсреќни земји во светот и по седми пат по ред ја зеде титулата најсреќна земја во светот, се вели во извештајот на ОН, кој беше објавен вчера по повод Меѓународниот ден на среќата на ОН.

Просечната оценка на оваа нордиска земја е 7,7, а после неа следуваат Данска, Исланд и Шведска. На другиот крај на листата е Авганистан, кој среде хуманитарната катастрофа после враќањето на Талибанците на власт во 2020 година го зазеде последното место од 143 земји со оценка 1,7.

- Advertisement -

Прв пат после 10 години САД и Германија не се меѓу топ 20 најсреќни нации, туку паднаа на 23. и 24. место соодветно. Франција годинава се најде на 27. место. Во првите 20 влегоа Костарика и Кувајт, кои ги зазедоа 12. и 13. место, а меѓу првите 20 земји нема ниедна од најнаселените земји во светот.

Меѓу топ 10 на листата само Холандија и Австралија имаат над 15 милиони жители, а во склоп на првите 20 само Канада и Обединетото Кралство имаат над 30 милиони жители, се вели во извештајот.

- Advertisement -

Најголем пад на индексот во периодот од 2006 до 2010 година имале Авганистан, Либан и Јордан, додека Србија, Бугарија и Латвија имаат најголем пораст.

Годишниот извештај за индексот на среќата во светот прв пат е направен во 2012 година за да се поддржат целите за одржлив развој на ОН и се базира на податоци од американската компанија за истражување на пазарот Gallup, а го објавува Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН. Се базира на проценки на луѓето за нивната среќа, како и на податоци за економската и сосијалната состојба.

- Advertisement -

Ова е целосната листа со топ 20 најсреќни земји во светот за 2023 година:

1.Финска

2.Данска

3.Исланд

4.Шведска

5.Израел

6.Холандија

7.Норвешка

8.Луксембург

9.Швајцарија

10.Австралија

11.Нов Зеланд

12.Костарика

13.Кувајт

14.Австрија

15.Канада

16.Белгија

17.Ирска

18.Чешка

19.Литванија

20.Обединето Кралство

(Zimo)

(фото: Public Domain Pictured)

Сподели!
- Advertisement -