Apple уште е во потрага по револуционерен производ кој ќе му помогне да остане доминантен на пазарот и да послужи како нов извор на приходи откако компанијата се откажа од развојот на сопствен електричен автомобил.
Новинарот Марк Гурман од Bloomberg тврди дека Apple ја истражува персоналната роботика. Наводно, компанијата истовремено работела на роботи и електрични автомобили со надеж дека ќе развие машина на која не и е потребна човечка интервенција.
И додека проектите на Apple поврзани со роботите уште се во рани фази, од Bloomberg наведуваат дека гигантот од Купертино веќе работи на мобилен робот кој може да го следи корисмикот во неговиот дом и веќе развилеуред кој роботот го користи за поместување на екранот. Идејата е дека постои машина која може да ги имитира движењата на главата и се фокусира на една личност во група, веројатно поради подобро искуство при видеоповици.
Бидејќи овие роботи треба да се движат сами, Apple размислува да користи алгоритми за навигација. Врз основа на извештаите, тимот на Apple за уреди за домаќинство е задолжен за развојот на роботите, а најмалку еден инженер кој работел на развојот на електричниот автомобил сега се приклучил на тимот за роботите.
Од Apple се загрижени дека луѓето нема да сакаат да издвојат многу пари за роботи, а одговорните за проектот уште не можат да постигнат договор дали компанијата ќе продолжи да работи на овие проекти. Груман претходно наведе дека Apple сакал да го продава својот електричен автомобил за 100.000 долари, а по тоа може да се заклучи дека имал голем потенцијал во смисла на растот на приходите на компанијата.
Но, Apple Car сега повеќе не е актуелен, а компанијата се фокусира на Vision Pro и други производи наменети за домот, кои вклучуваат и home hub уред со екран сличен на оној кој го има iPad.
(Klix.ba)