После две години, Стартап Викенд Охрид се враќа на сцената. Оваа година од 26ти до 28ми април ќе се одржи второто издание на Стартап Викенд Охрид во просториите на универзитетот Св. Апостол Павле
Овој настан е наменет за сите млади ентузијаси кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.
Покрај ентузијастите со идеја, настанот е отворен и за сите оние без конкретна идеја и тим. Тие би формирале свои тимови меѓу себе и би учествувале на настанот исто како и останатите однапред пријавени тимови.
Единствено ограничување на овој настан се слободните места, затоа побрзајте да ги резервирате вашите тикети за учество на следниов линк.
Тимот кој стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Охрид, Универзитетот ,,Св. Апостол Павле” и Стартап заедницата од Охрид, надополнето со голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат второто издание на стартап викенд во Охрид.
Организаторите ќе обезбедат храна, освежителни пијалоци и забавни активности во текот на целиот настан.
Целта на овој настан е да се даде можност за вмрежување на новата генерација на професионалци, претприемачи, иноватори и стартап ентузијасти како и шанса за развој и ласирање на својот стратап во Македонија и странство.
Кој сѐ ќе биде дел од овој настан?
Дел од менторите на овој хакатон се претставници на стартап сцената во нашиот екосистем: Cognism, Aqtos, FitKit, FinqUp, Boksy, Microtica, Modeliks, Embed Social, Slice, Vidict и други.
Покрај претставниците на стартап сцената, учество ќе земат и претставници од: Eurolink, Piksel, Brainster, Qinshift, RedBull, Sefidanis, Impact foundation, JW Player, NEST Group, Google for startups и други.