Фриленсерството во Македонија стана водечка работна позиција кај младите. Со цел да се унапреди и зајакне, денеска ќе се одржи тркалезна маса, во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД.
На настанот е предвидено да се дискутира за новите нестандардни форми на вработување, со фокус на промовирање на фриленсерството преку дигитални платформи, како и можноста за самовработување и генерирање на дополнителни приходи.
Од фондацијата ,,Импакт”, соопштија дека: ,,Фриленсерите се мотивирани од самостојноста, флексибилноста и можноста да се работи на иновации кои генерираат заработка. Меѓу главните предизвици со кои фриленсерите се соочуваат, се неможноста за остварување на работнички и социјални права, но и отсуството на форма во законодавството, како и многу други прашања за кои е потребен одговор и решение.”
Фото – Flickr