Сакате да бидете невидливи? Сега постои штит кој ќе ве направи невидливи

- Advertisement -

Ако не сте знаеле, сега можете да купите посебен штит кој ја прекршува светлината и ја искривува реалноста, замаглувајќи ги границите меѓу видливоста и невидливоста. Замислете една иднина во која невидливоста не постои само на филмовите со научна фантастика, туку и во реалноста.

Invisibility Shield 2.0 не носи чекор поблиску до таа реалност. Иако можеби не нуди вистинска невидливост,дава уверлива илузија на невидливост, тврдат креаторите на штитот. Некој што стои директно пред штитот ќе има илузија дека гледа низ него без оглед на тоа на кое реастојание е, тврдат креаторите.

- Advertisement -

Таа илузија се постигнува со софистициран оптички инженеринг. Со користење на лентикуларни леќи штитот ја манипулира светлината така што се свиткува од позадина кон тој што стои пред него додека ја прекршува светлината од предметот зад него. Тоа создава илузија на проѕирност.

Меѓутоа, штитот има и свои ограничувања. Најдобро функционира во средини со изедначена позадина и во услови на послабо осветлување. Освен тоа, неговата ефикаснот се намалува ако тој пто стои пред него не е поставен право. Освен тоа, илузијата не е едноставна – ако се сокривате зад штитот, мора да проверите што се случува од другата страна.

- Advertisement -

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -