Во неодамнешната 2136 епизода од најпопуларниот поткаст во светот, The Joe Rogan Experience, американскиот комичар Џо Роган беше модератор на остра дебата помеѓу американскиот археолог Флинт Дибл и британскиот публицист Греам Хенкок.
Kaко што пренесува порталот Маркетинг 365 во епизодата која траеше речиси четири и половина часа, Дибл се спротивстави на псевдоархеолошките теории на Хенкок за постоењето на древно изгубена цивилизација пред цивилизацијата.
Како дел од својата аргументација, археологот се осврна и на неолитски локалитет кај селото Ваштеми во близина на Преспанското Езеро, во денешна Албанија, стар околу 8500 години. Неговата експликација беше придружена со панорамска фотографија на Преспанското Езеро.
Епизодата до моментот на пишување на овој текст има над 2.6 милиони прегледи.