Само осум минути лутење дневно може да го зголеми ризикот од срцев удар

- Advertisement -

Емоционалната турбиленција може многу да влијае на сравјето ан срцето, откри неодамнешна студија која ги испитува ефектите на лутењето врз кардиоваскуларните функции. Тоа истражување, кое го предводат научници од Универзитетот Колумбија во Њујорк, го просветлува заплетканиот однос меѓу емоциите и физиолошката добросостојба.

Во тоа истражување, кое е објавено во списанието Journal of the American Heart Association, група млади возрасни луѓе со добро здравје морале да се потсетат на минати настани кои кај нив предвизикале лутина. Иако ниеден од учесниците не доживеал срцев или мозочен удар во текот на студијата, научници забележале значително оштетување во функционирањето на нивните крвни жили, што е потенцијален претходник на кардиоваскуларните проблеми.

- Advertisement -

Главниот автор на студијата, Даичи Шимбо, ја нагласува важноста на тие откритија и сугерира дека интензивните емоции, особено лутењето може да ги влоши срцевите проблеми кај луѓето кои веќе се предиспонирани за лошо кардиоваскуларно здравје. Минатите истражувања укажувале на корелација меѓу емоционалниот стрес и срцевите удари, при што поединци често пријавувале зголемено ниво на лутина или вознемиреност пред таквите настани.

Како што го истражувале овој феномен подлабиснки, Шимбо и неговите колеги ангажирале 280 доброволци за контролирана студија. Учесниците осум минути биле изложени на сценарија кои предизвикуваат лутина, заедно со колеги кои биле изложени на надразнувања кои потикнуваат тешкотии или тага и контролна група. Во текот на тие вежби биле направени разни физиолошки мерења, вклучувајќи го крвниот притисок, примероци од крв и капацитетот за васкуларна дилатација.

- Advertisement -

Резултатите биле многу јасни. Тие што требало да се присетуваат на инциденти кои предизвикувале бес покажале значителен пад на капацитетот за жирење на крвните жили, што траело отприлика 40 минути. Наспрема тоа, учесниците кои биле изложени на наксиозност или тага не покажале ист васкуларен одговор, како ни поединците во контролната група.

Новата студија ги нагласува потенцијалните долгорочни последици на континуираното изложување на негативни емоции врз здравјето на кардиоваскуларниот систем.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -