Од 1 јуни Геманија со нови олеснувања за работници од Западен Балкан

- Advertisement -

Од сабота, 1-ви јуни, стапува на сила третата фаза од германскиот закон, чија цел е привлекување странска квалификувана работна сила, која ќе донесе бројни придобивки за граѓаните од Западен Балкан, а пред се двојна квота на работници од регионот кои ќе можат полесно да се вработат во Германија.

Минатата година германската влада воведе закон за имиграција на квалификувани работници (FEG), чии одредби постепено стапуваат на сила.

- Advertisement -

Всушност, станува збор за продолжување на законот од 2016 година, кој им овозможи на граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија полесен пристап до германскиот пазар на труд, до одреден степен независен од формалните квалификации.

Законот беше продолжен и изменет минатата година и стапува на сила етапно. Измените не се однесуваат на работните места, чие извршување е поврзано со закон со заверка на диплома, на пример, академски професии како што се медицината или медицинската нега за изнемоштени лица.

- Advertisement -

Според законот, секој кој има професионална квалификација ќе може да ја извршува таа работа во Германија, а истото важи и без доказ за лицата кои работеле во нивните земји најмалку две години на работа за која е потребна стручна диплома призната од државата.

Она што е ново е таканаречената „карта за шанса“ за барање работа, која се заснова на доделување бодови според различни критериуми, како што се квалификации, познавање на германски или англиски јазик, работно искуство, врски со Германија, возраст и евентуално семејството кое го придружува странскиот работник.

- Advertisement -

Третата фаза од законот ќе им олесни на странските работници кои ќе се вработат да носат со себе не само потесни, туку и членови од поширокото семејство.

Таа фаза е особено интересна за стручњаците од занаетчиските професии бидејќи, меѓу другото, од 1 јуни 2024 година двојно се зголемува квотата за лица од Западен Балкан од 25.000 на 50.000, соопшти централниот синдикат на германски занаетчии ZDH.

Поточно, тоа значи дека 50.000 граѓани на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија ќе имаат полесен пристап до германскиот пазар на труд, без да докажат професионални квалификации. Дополнително, ќе има и месечни контингенти.

Германската Федерална агенција за вработување ќе дава дозволи за вработување однапред, а не како претходно одобрение, а работодавачите ќе можат да ја побараат дозволата преку интернет.

Штом Агенцијата даде одобрение, идниот работник од Западен Балкан ќе може да побара германска виза за престој и работна виза во надлежното конзуларно претставништво.

извор: denar.mk

Фото – Pix4free

Сподели!
- Advertisement -