Ова се најатрактивните градови за работа во странство

- Advertisement -


Најатрактивен град за луѓето кои сакаат да работат во странство е Лондон, а потоа следуваат Амстердам и Дубаи, според новиот извештај на Boston Consulting Group.
Како што е наведено во истражувањето наречено „Decoding the global talent“, главните фактори кои зборуваат во прилог на работењето Лондон се англискиот јазик како главен јазик, силната глобална мрежа на таленти од другите земји во светот, мултикултурализмот, изобилството финансиски можности, пристапот кон Европа и Соединетите Американски Држави.

Девет проценти од испитаниците кои бараат работа во странство би биле подготвени веднаш да се преселат во Лондон, во Амстердам би се преселиле 8%, а во Дубаи 7%, исто толку и во Абу Даби и во Њујорк 6%.

- Advertisement -

Во првите десет се и Берлин, Сингапур, Барселона и Токио, во кои веднаш би се преселиле 5%, додека Сиднеј ја затвора листата со 4%.

Студијата заснована на одговорите на повеќе од 150.000 испитаници од 188 земји покажа дека приближно секој четврти или поточно 23% отсто од испитаниците активно бараат работа во странство. Трите најчести причини за преселба во странство се економските можности, напредувањето во кариерата и потенцијалот за подобар квалитет на живот, се наведува во истиот извештај.

- Advertisement -

Покрај тоа, студијата откри дека 92% од лидерите на глобалните компании сметаат дека привлекувањето и задржувањето таленти се меѓу нивните врвни приоритети.

„Вработувањето странски работници не само што ги пополнува празнините во капацитетите, туку компаниите со поголем глобален диверзитет честопати се поиновативни и поуспешни. Тие генерираат поголем профит и имаат 75% поголема веројатност да бидат иноватори од светска класа“, се вели во специјалниот извештај на BCG за 2022 година.

- Advertisement -

(Tanjug)

Сподели!
- Advertisement -