Венеција ги ограничи туристичките групи на 25 луѓе

- Advertisement -


Во Венеција стапија на сила новите правила со кои се ограничува бројот на туристички групи на 25 лица. Градот, исто така, воведе забрана за гласни звучници и преземени се мерки за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам врз италијанскиот град, рекоа властите.

Венеција воведе дневна такса од пет евра претходно годинава за сите туристи кои не преноќуваат го градот, откако првично им забрани приклучување на бродовите за крстарење во 2021 година.

- Advertisement -

Прекумерниот туизам се смета за едно од најитните прашања за Венеција, која има население од околу 250.000 луѓе и беше посетена од повеќе од 13 милиони туристи во 2019 година.

Бројот на посетители оттогаш се намали, но се очекува да ги надмине нивоата пред пандемијата во наредните години.

- Advertisement -

Промените во туристичките правила се случија минатата година, откако експертите на УНЕСКО предупредија дека Венеција може да се додаде на листата со загрозено светско наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени во неа.

На крајот, УНЕСКО не ја додаде Венеција на листата, откако ги препозна обидите за решавање на проблемите на островот преку систем за контрола на поплавите и мерките за намалување на влијанието на масовниот туризам.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -