Саботната вечер Битола го имаше второто издание на ноќната атлетско женска трка „Биди своја”. Ова година учествуваа 350 рекреативни и професионални спортистки, кои се натпреваруваа во трка од должина од 5км. И оваа година Имлек протеинските шејкови им ја обезбедија енергетската моќ на дофат на сите учеснички кои беа дел од трката за да ја надополнат својата енергија и да им овозможи да бидат свои и кога станува збор за атлетските перформанси.
Спортската зоната на Имлек Протеин беше центар на активност и возбуда, со интерактивни фитнес предизвици како скок во височина, балансирање и фитнес предизвици со пилатес топка, многу подароци и совети. Место каде имаше одлична забава, еуфорична поддршка за секој од учесниците на трката и каде беше понудена енергетска поддршка и неопходна доза протеини со протеинските шејкови Имлек Протеин за одржување на спортските перформанси на високо ниво и енергија, за сите кои беа дел од овој незаборавен спортски настан. Многу дружење и споделување искуства и заедничка страст за спортот и здравјето. Секоја учесничка на трката доби финиш медал, спомен за трката „Биди своја” и симбол за личното достигнување, со натпис „Имлек протеин“, славејќи ги уникатните вкусови што ја направија трката уште понезаборавна.
Годинешните новини вклучуваа заедничка активност на Имлек Протеин и центарот за убавина „Виола” со дружење и забава со тркало на среќата и бројни подароци.
Протеините се од суштинско значење и нивниот правилен и редовен внес игра клучна улога за поддршка на регенерацијата, обновувањето и растот на мускулите. Имлек Протеин шејковите обезбедуваат практично решение за да ги задоволат вашите дневни потреби за протеини. Имлек Протеин не содржи додаден шеќер и лактоза, а млечните масти сочинуваат само 0,1%. Порција од 300 мл протеински шејк Имлек гарантира 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен во три вкуса: чоколадо, ванила и јагода. Имлек исто така нуди и протеински пудинг во четири вкуса на чоколадо, банана, солена карамела и ванила.
Имлек Протеин и протеинските пудинзи нудат вкусен и хранлив начин да ги подобрите вашите фитнес цели. Содржат чист млечен протеин, идеални се за освежување и надополнување на енергија пред или после интензивни тренинзи, помагајќи за обновување и раст на мускулите со секоја голтка и залак.
Токму заради ваквата хранлива вредност и состав, Имлек протеин беше омилениот пијалак на сите поголеми трки минатата година каде ја даде својата поддршка. Оваа година продолжува со поддршката и секако забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.