Откриена билка која може да преживее и на Марс

- Advertisement -

Благодарение на истражувањето на кинески научници, мовта која расте во неколку региони во светот може да даде нова надеж за колонизација на Црвената планета. Имено, кинески научници открија многу отпорна пустинска мов, Syntrichia caninervis, во Ксинџијанг, која би можела да ги поддржи идните колонии на Марс, според истражувањето на Кинеската академија на науки.

Истражувањето е објавено во списанието The Innovation, а открива дека оваа мов може да издржи услови слични на оние на Марс, како што се екстремна суша, ултраниски температури и радијација.

- Advertisement -

Мовта би можела да биде клучна за развојот и одржувањето на екосистемите на Марс преку помагање на производството на кислород, секвестрацијата на јаглеродот и плодноста на почвата. Таа може да помогне во поттикнувањето на атмосферските, геолошките и еколошките процеси неопходни за други повисоко развиени растенија и животни, истовремено олеснувајќи го создавањето на нови средини погодни за долгорочно населување на луѓето, се вели во студијата објавена на 1 јули.

Неверојатно е тоа што Syntrichia caninervis може да ги врати своите фотосинтетички и физиолошки активности за неколку секунди по рехидратацијата, дури и откако ќе изгуби повеќе од 98% од содржината на клеточната вода. Покрај тоа, растението може да преживее ултраниски температури и да се регенерира откако ќе се чува на минус 80 степени Целзиусови пет години или во течен азот еден месец.

- Advertisement -

Овој тип на мов не се наоѓа само во Ксинџијанг, туку и во Тибет, пустината во Калифорнија, Блискиот Исток и поларните региони.

Кина и САД ги засилуваат напорите во истражувањето на вселената. Претстојните мисии на Кина ја вклучуваат астероидна сонда Tianwen-2 следната година и Tianwen-3 до 2030 година за враќање на примероците од Марс. Кина, исто така, неодамна извади примероци од темнатастрана на Месечината.

- Advertisement -

Во меѓувреме, НАСА има 20-годишен план за истражување на Марс за да утврди дали планетата може да поддржува човечки живот.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -