3.300 супер богати луѓе поседуваат 1/4 од богатството на Германија

- Advertisement -


Зголемен е бројот на супер богати луѓе во Германија, кои сега поседуваат 23% од вкупното богатство во земјата, покажуваат резултатите од најновата студија.
Во Германија моментално живеат околу 3.300 супер богати луѓе, а тоа се луѓе кои поседуваат имот во вредност од над 100 милиони долари, според студијата на Global Wealth Report на Boston Consulting Group.

Така, бројот на супер богати во однос на лани е зголемен за 1%. Во исто време, бројот на оние кои поседуваат имот над милион долари исто така се зголемиl на 555.000.

- Advertisement -

Според истата студија, во споредба со остатокот од светот, богатството во Германија е „наtпросечно нерамномерно“ распределено. Од Boston Consulting Group проценуваат дека овој тренд ќе продолжи и дека супер богатите за пет години отсега ќе поседуваат 26% од вкупното богатство во Германија.

Најголем број супервбогати луѓе во светот или дури 26.000 живеат во САД, а потоа следува Кина со 8.300 супербогаташи. Германија е на третото место.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -