Многу луѓе консумираат алкохол за да се релаксираат и да се ослободат од стресот, што се некои од главните причини зошто луѓето исто така патуваат. Алкохолот го има насекаде во многу одморалишта – од баровите покрај базенот до бранчот со шампањ каде што се служи неограничено шампанско за појадок. Но, сега нов тренд во патувањата се таканаречените трезни одмори, при кои не се става акцент на пијалаците.
Кога зборуваме за пијалаци на одмор, не е се во пиењето коктели на плажа. Алкохолот може да им помогне на луѓето да се справат со проблемите што се појавуваат за време на патувањето, да го смират стравот од летање и да ја ублажат социјалната анксиозност. Аеродромите, исто така, може да се причина за стрес за луѓето кои го слават почетокот на својот одмор или жалат за крајот на нивниот одмор.
Иако многумина не се заинтересирани да се обидат, сè поголем број луѓе истражуваат трезно патување поради причини поврзани со физичкото здравје, менталното здравје и продуктивноста на работата/живот.
Разговорите на социјалните мрежи за теми како „суво патување“, „трезно патување“ и „одмор без алкохол“ исто така се во пораст, зголемувајќи се за 205% на X (поранешен Twitter), YouTube, Reddit и Tumblr во последните шест месеци, споредено со претходниот шестмесечен период, покажуваат податоците на Sprout Social.
За оние кои сакаат да го намалат или целосно да го отстранат алкохолот на одмор некои дестинации можат да го олеснат тоа, според новото рангирање на осигурителната агенција InsureMiTrip.
Рангирањето, сепак, не е список со земји каде што е забранета продажбата на алкохол – места како Брунеи, Саудиска Арабија и Иран. Наместо тоа, компанијата со седиште во САД ги оценува земјите според девет индикатори – од цената на домашното пиво до просечната потрошувачка на алкохол од страна на локалните жители. Истражувањето, исто така, испитува кои други активности можат да ги користат патниците за да го надополнат својот план за патување, особено оние поврзани со релаксација, како што се националните паркови и квалитетните велнес одморалишта.
Листата со најдобри дестинации за трезно патување е следната:
1.Непал
2.Мароко
3.Костарика
4.Турција
5.Грција
6.Индонезија
7.Јордан
8.Италија
9.Сингапур
10.Индија
Шест од десетте земји се во Азија, а Непал го зазема првото место бидејќи има многу пешачење и велнес одморите се евтини, најевти според студијата на InsureMiTrip.
(Bizlife)
(фото: Savoured Journeys)