Се очекува САД, Велика Британија и Европската унија да го потпишат својот прв меѓународен и правно обврзувачки договор за употреба на вештачка интелигенција, објави во четвртокот британскиот дневен весник Financial Times.
Тројката ќе ја потпише конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција денес, објави весникот, додавајќи дека конвенцијата е подготвена во текот на две години од повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги Канада, Израел, Јапонија и Австралија.
САД се посветени на осигурување дека технологиите за вештачка интелигенција ги почитуваат човековите права и демократските вредности и ја истакнуваат клучната додадена вредност на Советот на Европа во оваа област, изјави за весникот висок претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Тоа е првиот (договор) со правна тежина на глобално ниво, а исто така обединува многу различни земји, рече британскиот министер за технологија, според извештајот.
Конвенцијата на Советот на Европа за вештачка интелигенција, која се занимава со човековите права, демократијата и владеењето на правото, беше составена од Комитетот за вештачка интелигенција (CAI).
CAI ја финализираше нацрт-конвенцијата во март. После тоа конвенцијата беше усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа на 17 мај, а од 5 септември ќе може да се потпише во Вилниус.
(Zimo)
(фото: Needpix)