Дата-центрите ќе испуштат 2,5 милијарди тони штетни гасови до крајот на оваа деценија

- Advertisement -

Технолошките гиганти како Google, Microsoft, Meta и Amazon забрзано инвестираат големи суми во центри за податоци кои користат многу електрична енергија за услуги базирани на вештачка интелигенција.

До 2030 година центрите за податоци ќе испуштат во атмосферата на Земјата околу 2,5 милијарди метрички тони штетни гасови, што одговара на речиси 40% од вкупната емисија во САД, според студијата на американската банка Morgan Stanley.

- Advertisement -

Компаниите ветија дека ќе ги намалат емисиите до крајот на деценијата, но извештајот на Morgan Stanley сигнализира значителни предизвици во постигнувањето на целите.

Во претходното истражување банката пресмета дека порастот на вештачката интелигенција ќе доведе до зголемување на побарувачката на енергија за 70% до 2027 година, главно поради изградбата на центри за податоци.

- Advertisement -

Задоволувањето на ова барање ќе бара значителни инвестиции во нова инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија, нагласуваат од Morgan Stanley.

До 2027 година генеративната вештачка интелигенција ќе биде еднаква во потрошувачката на електрична енергија со земјите како Шпанија, забележуваат тие.

- Advertisement -

Локалната власт стравува дека компаниите нема да ги исполнат своите ветувања за декарбонизација и минимално потпирање на мрежите, па така, на пример, советот на ирската општина Јужен Даблин го блокираше планот на Google за изградба на центар за податоци во близина на Даблин на површина од 72.400 метри квадратни бидејќи не беше наведено колку струја ќе троши .

Иако проширувањето на мрежите на центрите за податоци неминовно ќе резултира со ослободување на поголеми количества штетни гасови, тоа претставува и можност за зголемени инвестиции во чиста енергија, енергетски ефикасна опрема и одржливи материјали, забележуваат експертите на банката.

Со тоа се создава голем пазар за решенија за декарбонизација, објаснуваат тие.

Така, компаниите ќе инвестираат во технологии за декарбонизација, како што се ловење, употреба и складирање на јаглерод (CCUS) и отстранување на јаглерод диоксид, предвидува Morgan Stanley.

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -