Чешката компанија Škoda го произведе најдолгиот трамвај во светот, кој ќе сообраќа низ германскиот град Манхајм. Трамвајскиот модел ForCity Smart 38T е долг 60 метри и има шест делови или вагони. Неговиот капацитет е 368 патници, од кои 144 се седишта, што е импресивен капацитет.
Максималната брзина на овој трамвај со најсовремена опрема е 80 километри на час, а беше тестиран во Пилсен, Чешка. Манхајм нарачал 12 трамваи од споменатиот модел од Škoda. Договорот за испорака е потпишан во 2018 година, а се работи за зделка вредна 250 милиони евра.
Тогаш беше договорено трамваите да бидат со различна должина. Подоцна германскиот град нарачал уште 34 трамваи од чешкиот производител.
Škoda ForCity Smart 38T е трамвај кој работи во неколку други европски градови.
(Klix.ba)
(фото: Wikipedia)