Мала коска ја откри мистеријата за изумрените „Хобити“ во Индонезија

- Advertisement -

Фрагменти од коски беа откриени во местото Мата Менге на островот Флорес, а фосилот ја откри мистеријата за потеклото на видовите хомо флоресиенсис, познати како „Хобити“, објави списанието „Nature communications“, а пренесува Ал Џазира Балканс.

Фосилизираните фрагменти од коска на надлактицата долга 88 милиметри се стари речиси 700.000 години, ја претставуваат најмалата коска на екстремитетите на предците на хомо сапиенсот и припаѓаат на изумрениот вид наречен „Хобити“.

- Advertisement -

Научниците заклучиле дека припадникот на тој вид е висок околу еден метар и дека потекнува од хомо еректус, кој доаѓа од Африка и се проширил во другите делови на светот.

Водечкиот автор на студијата е Јусуке Каифу, професор по палеоантропологија на Универзитетот во Токио. Според него, намалувањето на висината на телото на хомо флоресиенсис во споредба со хомо еректус најверојатно се случило поради периодичен недостиг на храна.

- Advertisement -

(Радио МОФ)
Фото – Envato

Сподели!
- Advertisement -