Qualcomm сака да го купи Intel

- Advertisement -


Според последните квартални финансиски извештаи, на Intel не му оди добро бидејќи бележи загуби, поради што е принуден да направи некои непопуларни потези, кои вклучуваат и отпуштања.

Според Wall Street Journal, Qualcomm веќе е во рана фаза на преговори со идејата да го купи Intel или барем делови од него што би можеле убаво да се вклопат во неговиот бизнис со чипови.

- Advertisement -

Во извештајот се наведува дека зделката се уште е далеку од реализација и постои големо прашање дали воопшто ќе има нешто од оваа аквизиција што жестоко би одекналa во технолошкиот свет.

Дополнително, со оглед на тоа што Пентагон неодамна му додели 8,5 милијарди долари на Intel за развој на чипови за воени цели во рамките на програмата Secure Enclave, прашањето е како тоа ќе влијае на обидот за преземање на компанијата од страна на Qualcomm.

- Advertisement -

И покрај големата финансиска инјекција од американската влада, Intel сепак ќе има големи проблеми во борбата со Qualcomm, чии Snapdragon X AI процесори се вградени во Copilot+ компјутерите со поддршка на Microsoft, бидејќи ги стави сите карти на Meteor Lake процесори, кои треба да се натпреваруваат со Qualcomm во доменот на преносни компјутери и допрва треба да видиме како ќе се справат со нив во директни компаративни тестови.

Ако се покаже дека процесорите Snapdragon X обезбедуваат поголема енергетска ефикасност и подолго траење на батеријата во споредба со Meteor Lake, Intel може да се најде во нови проблеми и да му го олесни преземањето на Qualcomm.

- Advertisement -

Засега не е познато колкава би можела да биде вредноста на оваа аквизиција, но за очекување е дека би можела да изнесува десетици милијарди долари или дури и повеќе.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -