Rolex почна да продава половни часовници

- Advertisement -

Rolex сака да профитира од големата побарувачка и ниската понуда на пазарот со тоа што сега нуди и претходно користени часовници во својот водечки бутик во Женева. Бутикот моментално нема нови часовници на залиха, но сепак, тие нудат часовници кои се ертифицирани претходно поседувани часовници, но за сериозно големи пари.

Platinum Daytona од 2020 година, со светло сино бројчаник и кафена керамичка рамка, се продава за 74.400 швајцарски франци нов, но е недостапен, а може да се купи половен за 110.000 франци. Rolex е убедливо најголемиот швајцарски бренд за часовници, кој произведува повеќе од милион часовници годишно.

- Advertisement -

Пред две години Bloomberg напиша дека Rolex ќе започне да издава сертификати за автентичност на овластени дилери кои продаваат половни часовници. Овој потег без преседан и дава на швајцарската компанија поголема контрола врз нејзините производи и го зајакнува пазарот на користени луксузни часовници вреден 20 милијарди долари.

Според Deloitte, се очекува пазарот на луксузни половни часовници да порасне на 35 милијарди долари до 2030 година.

- Advertisement -

„Овој потег на Rolex е поздравен како веројатно најзначајното нешто што еден производител би можел да го направи за да го легитимира секундарниот пазар“, вели Џошуа Ганјеи, главен извршен директор на European Watch Company, со седиште во Бостон.

Претставниците на Rolex во Женева рекоа дека оваа програма има за цел да им даде на клиентите „можност да купат официјални половни часовници, а истовремено да имаат корист од квалитетот и извонредноста што се составен дел на брендот“.

- Advertisement -

Исто така, отвора сосема нов пат за продажба за клиентите на Rolex. Претходно оваа година беше објавено дека цените на Rolex, Patek Philippe и Audemars Piguet паднале за 23%.

Продавачите на часовници од втора рака се соочуваат со голем број пречки за проширување на овој нов пазар. Едната е дека не може да се најдат доволно часовници, и покрај тоа што има околу 30 милиони во оптек. Втората е прашањето за профитабилноста, бидејќи овластените дилери обично заработуваат повеќе од 30% од бруто маржата на новиот Rolex.

За половни часовници маржата е многу помала, а цената мора да го вклучува и надоместот за автентикација на Rolex, кој обично е околу 10%-15% од продажната цена.

Побарувачката за повеќето нови модели на Rolex продолжува да ја надминува понудата.

(Bizlife)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -