Возбудата на Лигата на шампионите е во тек и до 31 мај ќе можете да уживате во најелитниот фудбал кој може да го понуди Стариот континент. Потребно ви е само малку слободно време во вечерните термини, добро друштво и вкусни грицки кои ќе ве држат сити додека го гледате омилениот тим. Е па, Виталиа има неколку предлози за вас!
Натпреварите од групната фаза на ЛШ започнуваат во вечерните часови, што значи дека треба да внимавате каква закуска грицкате со нив. Идеално е грицките да се здрави, квалитетни и да се доволно хранливи, но не и премногу калорични, за да можете да уживате без грижа на совест.
Секогаш проверен и добар избор е крцкавата гранола на Виталиа, богата со растителни влакна, која може да се комбинира на повеќе различни начини во согласност со вашиот вкус. Иако најчесто ја препознаваат како храна за појадок, гранолата може да биде одлична здрава алтернатива за слатките грицки и чоколадите, но и одлична замена за чипс во моментите кога тензијата предизвикана од натпреварот бара да крцкаме нешто низ забите за да ја совладаме неизвесноста дали омилениот клуб ќе победи или не. И најдобрата работа е што гранолата на Виталиа доаѓа во повеќе вкусови, па така секој во друштвото може да го избере вкусот кој најмногу му одговара…
Сепак, не сите луѓе се љубители на слатки закуски. За некои од љубителите на фудбал, солените грицки се единствениот прифатлив „придружник“ на гледањето натпревари затоа што одат подобро со нивните омилени пијалаци. Имаме решение и за тоа: солени безглутенски крекери со крцкава структура и комбинација од состојки и суперхрана, совршени за безгрижно грицкање.
И не заборавајте дека секогаш треба да имате една опција која му одговара на целото друштво – храна или закуска која ќе ги убеди дека здравите грицки се вистинската ужина за време на дружбите. Баровите со јатки се токму тоа: идеален избор за динамични луѓе на кои им е потребно брзо да ја елиминираат гладта… Значи, совршени за консумирање на полувремето или во било кој момент кога ќе почувствувате дека ви треба екстра енергија.
Следуваат девет месеци полни со фудбалски изненадувања, мајстории и прекрасни голови во Лигата на шампионите, па затоа е добро вистински да се подготвите за вечерите кога ќе бидете домаќин на дружбите организирани околу гледање на натпреварите. Здравата храна на Виталиа доаѓа во различни вкусови и амбалажи, така што сечиј вкус е добро покриен и секој ќе успее да најде нешто вкусно за грицкање. Уживајте со здрава храна и квалитетен фудбал.