Кои европски земји имаат најмногу облакодери?

- Advertisement -

Терминот облакодер првпат се споменува во 1880-тите, а неговото значење оттогаш значително се променило. Додека во 19 век со овој поим се означувала зграда со висина од 10 до 15 ката, во која освен станови има и деловни простории, денес поимот облакодер го поврзуваме со сите згради кои се високи повеќе од 100 метри.

Како што веќе спомнавме, терминот облакодер првпат се употребува во 19 век кога се појавила идејата и потребата за подобро искористување на земјишните парцели, односно кога се појавила потребата за изградба на станбени единици на првиот кат. Со понатамошната урбанизација и миграцијата на руралното население во градовите, потребата од облакодери станала поголема, а животот без нив незамислив.

- Advertisement -

Облакодерите како згради не беа исклучително популарни до 1970-тите, кога гледаме значителен пораст на овој вид градба во урбаните средини. Првиот облакодер во Хрватска е изграден во 1933 година на аголот на улиците Масарикова и Гундулиќева, кој сè уште се наоѓа на истото место. Денеска Хрватска има само еден облакодер повисок од 100 метри, а тоа е кулата Далмација во Сплит, која е висока 135 метри.

Во самата анализа доаѓаме до едноставен заклучок дека бројот на облакодери повисоки од 100 метри е тесно поврзан со степенот на развиеност, па затоа токму најразвиените земји во Европа имаат најголем број на облакодери.

- Advertisement -

Од следнава анализа се исклучени сите земји чија територија претежно не се наоѓа на европскиот континент, односно Русија и Турција, бидејќи е тешко без подетална анализа да се утврди точно кој број на облакодери поголеми од 100 метри се наоѓаат на кој континент.

Кога ја гледаме Европа како континент, доаѓаме до фактот дека најмногу облакодери повисоки од 100 метри има во Велика Британија, 133 од нив, а земја со најмногу облакодери повисоки од 100 метри во Европската унија е Франција со 95 од нив.

- Advertisement -

На самиот врв на листата се Германија, Шпанија и Холандија. Во моментов во Европа има 100 облакодери кои се високи над 190 метри. Во оваа анализа се вклучени и згради кои се изградени во европскиот дел на Русија и европскиот дел на Турција, бидејќи некои од нив се со импозантна големина.

Највисоката зграда на целиот европски континент официјално беше отворена во 2019 година, кога и официјално беше потврдено дека е висока 462 метри. Оваа убавица се нарекува Лахта центар, а се наоѓа во европскиот дел на Русија, во Санкт Петербург. Второто до петтото место на листатс се резервирани за згради лоцирани во Москва, кои се високи меѓу 373 и 338 метри.

Шестата највисока зграда во Европа е и највисоката зграда во Европската унија, а тоа е кулата Варсо, која е висока 310 метри. Оваа прекрасна зграда е изградена во 2022 година и се наоѓа во самиот центар на полската метропола Варшава.

Во урбаните средини сè потешко е да се добие земјиште, а за да се максимизира просторот се градат станбени и комерцијални облакодери кои се неопходни за живот на голем број жители поради големата густина на населеност.

(Geek.hr)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -