ВИДЕО: Почна изградбата на првата фабрика за летaчки автомобили во Кина

- Advertisement -

Во неделата започна изградбата на првата фабрика за летaчки автомобили во Гуангжу, главниот град на провинцијата Гуангдонг во јужна Кина, објавија кинеските медиуми. Компанијата XPENG AEROHT и нејзиниот оддел за производство на летaчки автомобили XPENG ќе бидат првите во светот кои ќе започнат масовно производство на летaчки автомобили, јавува Кинеското меѓународно радио.

Според податоците на оваа компанија, првиот објект на фабриката со капацитет од 10.000 единици годишно ќе биде лоциран на површина од 18 хектари и е наменет за производство на воздушен модул за летaчки автомобил наречен Land Aircraft Carrier.

- Advertisement -

„До крајот на годината компанијата треба да започне со претпродажба на летaчкиот автомобил Land Aircraft Carrier, кој го заврши своето тестирање и тест лет со екипажот во септември“, изјави Џао Дели, основач на XPENG AEROHT.

(Tanjug)

- Advertisement -

(фото: XPENG AEROHT)

Сподели!
- Advertisement -