За прв пат по 130 години јапонската планина Фуџи се уште е без снег

- Advertisement -

Снег сè уште не паднал на највисоката јапонска планина Фуџи, што е првпат откако почнала да се води евиденција пред 130 години. На врвовите на Фуџи вообичаено снег паѓа на почетокот на октомври, но невообичаено топлото време значеше дека оваа година нема врнежи од снег до крајот на октомври, пренесува ВВС.

Минатата година снег беше забележан на врвот Фуџи уште на 5 октомври. Јапонија го имаше најжешкото лето во историјата оваа година, со температури меѓу јуни и август кои беа 1,76 степени над просекот. Речиси 1.500 области во септември имаа она што Јапонското метеоролошко друштво го карактеризираше како „екстремно топли“ денови, кога температурите достигнуваа или надминуваа 35 степени.

- Advertisement -

Во октомври температурите не беа толку високи, но сепак беа натпросечни.

Во претходните 130 години на Фуџи паѓал снег најдоцна на 26 октомври, што се случи во 1955 и 2016 година.

- Advertisement -

Планината Фуџи, југозападно од Токио, е највисока во Јапонија со 3.776 метри. Вулканот на неговиот врв последен пат еруптирал пред нешто повеќе од 300 години.

(ВВС)

- Advertisement -

(фото: Good Fon)

Сподели!
- Advertisement -