Портрет на Алан Тјуринг нацртан од робот чинеше повеќе од 960.000 евра на аукција. Роботот Ai-Da, именуван по Аида Лавлејс, која се смета за прв компјутерски програмер, е првиот робот-уметник чие дело е продадено во голема аукциска куќа.
Ултра-реалистичниот робот, дизајниран да изгледа како жена, го создаде тим предводен од Ајдан Мелер. Ai-Da има камери во очите и користи вештачка интелигенција за цртање, сликање и вајање.
Нејзиното дело, високо 2,2 метри и изработено со помош на алгоритми за вештачка интелигенција, се очекуваше да достигне цена меѓу 120 и 180 илјади евра, но на крајот беше продадено за повеќе од 960 илјади евра.
Сликата го прикажува Алан Тјуринг, британскиот научник кој се смета за татко на модерните компјутери.
Пред две години, Ai-Da ги нацрта главните изведувачи на музичкиот фестивал во Гластонбери: Били Ајлиш, Дијана Рос, Кендрик Ламар и Пол Мeкартни. Истата година роботот ја наслика и британската кралица во пресрет на нејзиниот платинест јубилеј.
(The Guardian)
(фото: Sotheby’s)