Oсмо издание на Денови на финансиска писменост

- Advertisement -

Од 26 до 28 ноември годинава ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиска писменост, коишто се организираат од финансиските регулаторни институции: Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување – МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно со приватниот финансиски сектор.

МАПАС, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, САВА Пензиско друштво А.Д. Скопје, ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје и ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД СКОПЈЕ упатува јавен повик до сите заинтересирани граѓани да ја посетат веб страната и социјалните медиуми на МАПАС и на пензиските друштва и да се информираат и едуцираат за капитално финансираното пензиско осигурување и својата индивидуална сметка.

- Advertisement -

Навремената информираност за состојбите во пензискиот систем и своите права и обврски на членовите, ќе им овозможи да донесат одлука во вистинско време и да се обратат за помош на вистинското место, но и да преземат други ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба и пензиска заштеда која ќе им овозможи сигурни пензионерски денови.

Сподели!
- Advertisement -