Кинезите на североистокот на земјата го градат најголемиот аеродром во светот сместен на вештачки остров. Станува збор за меѓународниот аеродром Далиан Џинжу Беј, кој кога ќе се изгради на вештачки остров со површина од 20 квадратни километри, ќе биде распослан со четири писти и патнички терминал од 900.000 метри квадратни, посочуваат од аеродромите.
Целта е преку него да поминат 80 милиони патници со 540.000 летови, а првата фаза треба да биде аеродромот и да биде завршена во 2035 година.
„Најголемиот офшор аеродром во земјата полека се издигнува над морското ниво како што изгрева сонцето на исток“, се вели во објавата на меѓународниот аеродром Далијан Џинжу Беј на кинеската социјална мрежа WeChat, пренесе Си-Ен-Ен.
Кога ќе биде завршен, тој ќе биде најголемиот аеродром во светот изграден на вештачки остров, надминувајќи го аеродромот во Хонг Конг како и аеродромот Кансаи во Јапонија. Причина за изградбата е фактот што градскиот меѓународен аеродром Далиан Жоушуизи, кој работи речиси еден век, веќе го достигна својот максимален капацитет, поради што во последните години неколку пати се прошируваше, посочуваат кинеските деловни медиуми Yicai.
Инаку, градот почнал да ја избира локацијата и да работи на новиот аеродром уште во 2003 година, но вистинската изградба започнала пред само неколку години, јавуваат локалните државни медиуми. Новите аеродроми се клучен дел од развојот на кинеската авијација, а земјата е на пат да ги надмине Соединетите држави и да стане најголемиот светски пазар за воздушни патувања.
(Пословни дневник)
Фото – Wikimedia (罗布泊, CC BY 3.0 https://creativecommons.org/licenses/by/3.0, via Wikimedia Commons)