Во рамки на активностите за унапредување на различностите, правичноста и инклузијата, ЕВН Македонија повторно ја објави програмата за стипендии „ЛОСТ“. Програмата има за цел стипендирање на студенти и студентки кои имаат ниски месечни семејни приходи, а се запишани на електротехничките факултети во земјава.
На распишаниот конкурс може да аплицираат студенти и студентки кои ги исполнуваат следните услови: по прв пат да се запишани во I, II, III и IV година, во учебната 2024/2025, зимски семестар; да се од семејствa со ниски месечни семејни приходи и да не се корисници на друга стипендија или кредит.
Преку конкурсот на програмата „ЛОСТ“ ЕВН одвојува по 10.000 денари месечно за секој избран стипендист и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.
Аплицирањето е во тек, а повеќе информации студентите може да најдат на веб-страната на ЕВН Македонија или на линкот https://evn.mk/Career/Scholarship.aspx
Сите заинтересирани своите прашања и апликации можат да ги испратат електронски на esg@evn.mk.
ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при селекција без оглед на расата, полот, религијата, националната припадност, вид на попреченост или политичка припадност на кадидатот и кандидатките.