Вселенскиот интернет Starlink на Илон Маск сега достапен и во Косово

- Advertisement -

Американскиот милијардер Илон Маск објави дека неговата приватна интернет сателитска мрежа Starlink сега функционира и во Косово. „Интернетот со голема брзина и ниска латентност на Starlink сега е достапен во Косово“, напиша Маск на платформата X, пренесува Kosovo Online.

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му посака добредојде на Starlink на Косово. „Добредојдовте на Косово“, напиша Османи на платформата Х.

    - Advertisement -

    Пред неколку месеци Регулаторната управа за електронски и поштенски комуникации на Косово објави дека ја овластила американската компанија Starlink да обезбеди пристап до Интернет до која било локација на Косово. Со Старлинк, Косово ќе има непрекинат интернет, на секој дел од територијата, дури и во исклучителни ситуации.

    Starlink има околу 6.000 сателити, лоцирани на 500 километри над Земјата, во ниска орбита на Земјата. На мапата на Starlink за Европа само Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се означени со потемна боја на картата за достапност. За Србија и Црна Гора пишува дека Starlink ќе пристигне во 2025 година, додека за БИХ е неизвесно.

    - Advertisement -

    (021)

    (фото: Starlink)

    Сподели!
    - Advertisement -