Inovativnost Insights oваа недела е во Штип, во градот на модата и текстилот. Но, повод за посетата не е модната индустрија туку тех индустријата која креира иновативни решенија за ефикасна продажба на облека. Светлана Кордумова-Трајанова е основачка на Pixyle, стартап кој разви софтвер за е-продажба за потребите на модната индустрија кој е базиран на вештачка интелигенција. Развиван и усовршуван цели пет години овој софтвер денес го користат познати модни брендови и глобални е-продавници за продажба на облека.
Pixyle досега има обезбедено инвестиции во вредност од 1,8 милиони евра, а компанијата не запира на ова ниво на развој. Кордумова вели дека веќе интензивно се подготвуваат за влез и во други индустрии, како што се мебел, козметика, декорации за домот и друго.
Inovativnost Insights: Штипски Pixyle го освои светот на модата со иновативен софтвер за онлајн продажба!
- Advertisement -
- Advertisement -