Илон Маск вгради чип во мозокот на трет пациент

- Advertisement -

Чипот на компанијата Neuralink на американскиот милијардер Илон Маск беше вграден во мозокот на трет пациент, јавуваат американските медиуми. Маск најави дека компанијата планира да имплантира околу 20 до 30 вакви чипови оваа година.

„Сега имаме три лица на кои им е вграден чипот Neuralink и сите тие добро функционираат“, рече Маск на настан во Лас Вегас емитуван на социјалната мрежа X.

- Advertisement -

Neuralink е една од сè поголемиот број компании кои развиваат мозочни импланти со цел да помогнат во лекувањето на болести како парализа и амиотрофична латерална склероза. Ова се експериментални процедури во кои електродите се вметнуваат во мозочното ткиво.

Пред една година компанијата Neuralink објави дека го вградила првиот таков уред кај пациентот Ноланд Арбо.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Neuralink)

Сподели!
- Advertisement -