Mercedes подготвува 20.000 откази

- Advertisement -


Mercedes најавува отпуштање на десетици илјади вработени и реструктурирање за да се прилагоди на состојбата на пазарот. После Volkswagen, кој претходно најави затворање на фабриките и отпуштање на повеќе од 30.000 работници, кризата во германската автомобилска индустрија ги погоди и другите големи производители. Mercedes, наводно, планира да отпушти околу 20.000 вработени.

Минатата година најавија дека ќе укинат 15.000 работни места до 2027 година, но познавачите на случувањата во компанијата тврдат дека бројот на отпуштања може да се зголеми на 20.000. Со овие мерки се очекува да се заштедат 5 милијарди евра, што треба да обезбеди стабилност на компанијата и отпорност на кризи во иднина, пишува Fenix-magazin.de.

- Advertisement -

Причините за ова намалување лежат во падот на бројот на нарачки и бавното прилагодување на пазарните промени. Тоа се аргументи кои можеа да се слушнат и претходно. Но, тоа не е се. Заедно со отпуштањата, компанијата планира да ги намали исплатите на бонусите. Слободните места поради отпуштања или пензионирање повеќе нема да се пополнуваат, а наводно, се планира и продажба на одредени производствени капацитети.

Веќе се шпекулира за продажба на фабрика за возила за испорака во Аргентина, во која работат 2.000 луѓе. Сите приходи, освен за отпремнината, ќе бидат насочени кон развој на електрични автомобили и високи технологии во моторите со внатрешно согорување, но сакаат да се фокусираат на покривање на трошоците.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Libre Shot)

Сподели!
- Advertisement -