OpenAI го отвора првото седиште во Европа

- Advertisement -

Американскиот стартап за вештачка интелигенција OpenAI, кој стои зад ChatGPT, најави дека ќе ја отвори својата прва канцеларија во Германија, лоцирана во Минхен. Германија е една од водечките земји во светот во користењето на вештачката интелигенција, според OpenAI. Минхен веќе е домаќин на германското седиште на американските технолошки гиганти како Apple, Microsoft и Intel.

OpenAI ја гледа Германија како еден од нејзините најважни пазари, а земјата има најголем број корисници на ChatGPT во Европа и е рангирана меѓу првите пет во светот. Бројот на корисници во Германија само минатата година тројно се зголемил, велат од компанијата.

- Advertisement -

Германија е лидер и во Европа по бројот на корисници кои се претплатиле на услугата и е меѓу првите три земји во светот. Во однос на корпоративните клиенти со платени сметки, Германија е меѓу првите три земји надвор од САД.

OpenAI известува за повеќе од 300 милиони неделни активни корисници ширум светот, со повеќе од еден милион деловни корисници кои плаќаат. Компанијата допрва треба да ја објави точната адреса на седиштето во Минхен, но наскоро планира да започне со вработување. OpenAI исто така сака да ја зајакне соработката со германските универзитети.

- Advertisement -

(SEEBiz)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -