Програмата на настанот вклучува: презентации на универзитети и академии, кариерно советување, работилница за ментално здравје со психолог, презентација на можности за стипендии и Еразмус+ програми, панел- дискусии со експерти на академски и кариерни теми, вмрежување со претставници од образовниот и од бизнис-секторот
Годинешниот Саем за образование ќе се одржи на 15 и 16 март во Скопје Сити Мол, а е во организација на овој трговски центар и „Студентарија“ – најголемата дигитална студентска платформа и заедница во Македонија. На настанот, матурантите и студентите ќе можат да се информираат за своите академски и кариерни можности во земјава.
Најавено е учество на државни и приватни универзитети со над 80 факултети, академии за дигитални вештини и продажба, но и компании и организации за млади.
Учесниците преку презентации, интерактивни работилници, панел-дискусии и експериментални шоуа ќе ги доближат до младите најновите едукативни и професионални можности, најавуваат организаторите.
Посетителите ќе можат да добијат информации за стипендии, академски програми, уписни рокови, студентски поволности, како и совети за градење успешна кариера.
„Програмата на настанот вклучува: презентации на универзитети и академии, кариерно советување, работилница за ментално здравје со психолог, презентација на можности за стипендии и Еразмус+ програми, панел- дискусии со експерти на академски и кариерни теми, вмрежување со претставници од образовниот и од бизнис-секторот“, велат организаторите.
Настанот, додаваат од таму, има цел да им ги обезбеди на матурантите потребните информации и ресурси, за тие да можат да донесат информирани одлуки за нивното идно образование и кариера, додека актуелните студенти ќе имаат можност да истражуваат практики, дополнителни обуки и професионален развој, поврзувајќи се директно со универзитетите, компаниите и експертите од различни области.
„Саемот за образование 2025 е единствена можност за средношколците и за идните студенти на едно место да се сретнат со претставници на десетици факултети и универзитети, да дознаат за нивните студиски програми, уписни рокови, можности за стипендии и кариера, животот на кампусите, но и да учествуваат на работилници за кариерно советување и да ги истражат различните образовни и професионални патишта што ќе ја одредат нивната иднина“, соопштија организаторите на Саемот за образование.
Дел од саемот ќе биде и Родителско катче, кое има цел да им обезбеди на родителите и на старателите значајни информации, стратегии и поддршка за тоа како да им помогнат на сопствените деца полесно да ја поминат оваа клучна фаза од своите животи.
Регистрацијата за учество е во тек, а сите заинтересирани средношколци, студенти и нивните родители може да се пријават на следниов линк.