Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

- Advertisement -

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – Mundus Vini Spring Tasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали.

- Advertisement -

Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина Domaine Lepovo Chardonnay 2023 и Bela Voda White 2023, како и црвените премиум вина Barovo red 2019, Barovo red 2021, Bela Voda red 2021, Alexandria Cuvee red 2023, Babuna red 2022 и Luda Mara Red Cuvee 2023. Златен медал освои и виното Terrasse a l’Ombre 2022, произведено во винарницата Chateau de Gourdon во Франција. Сребрени медали освоија вината Vranec Luda Mara 2022 и Luda Mara White Cuvee 2024.

„Освоените девет златни и два сребрени медали на еден од најголемите и најценети светски вински натпревари за нас имаат исклучително значење и нѐ прават особено горди. Фактот што тие се освоени во исклучително силна конкуренција од илјадници квалитетни вина кои доаѓаат од најпознатите светски вински региони, ни дава уште поголема мотивација, бидејќи со тоа се истакнува високиот квалитет на нашите вина на светско ниво и се потврдува водечката позиција и високата репутација на ‘Тиквеш’ како најрепрезентативен и најтрофеен производител на автентични премиум вина од нашиот регион“, истакнуваат  од „Тиквеш“.

- Advertisement -

Mundus Vini несомнено е еден од најважните вински натпревари, кој се одржува двапати годишно, во пролетна и летна сесија. Пријавените вина на натпреварот се оценуваат од меѓународно жири, составено од врвни познавачи на виното, познати енолози и сомелиери од 40 земји. Оценувањето на вината се одвива по методот на дегустација „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на вината што ги оценуваат.

Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на Mundus Vini и на останатите реномирани светски вински натпревари, на кои годишно освојува и по повеќе од 100 медали и признанија. Овие награди не само што ја зацврстуваат репутацијата на вината на „Тиквеш” на интернационалните пазари, туку придонесуваат и за глобалната промоција на македонското вино воопшто и за зголемување на неговата препознатливост во светот.

Сподели!
- Advertisement -